Иницијативата за прогласување национален парк "Јакупица", на предлог на партијата ДОМ, заглави низ ходниците на Министерството за животна средина и просторно планирање. Солунска Глава, изворите на реката Бабуна, водопадот, бројните пештери и недопирливата природа со вековната букова, борова и дабова шума, животинскиот свет, беа само дел од иницијатива за прогласување на овој дел од Македонија во национален парк. Токму таа убавина години наназад, па и денес, е примамливо место за поголем број планинари, спелеолози, извидници од нашата земја и од поголем број европски држави. Полски, чешки и руски спелеолози спуштајќи се стотина метри во една од пештерите под самиот врв на Солунска Глава открија дека таму се наоѓа огромен басен со вода од која може половина Македонија да ги задоволува потребите со здрава питка вода.
Иницијативата за прогласување национален парк "Јакупица", на предлог на партијата ДОМ, заглави низ ходниците на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Солунска Глава, изворите на реката Бабуна, водопадот, бројните пештери и недопирливата природа со вековната букова, борова и дабова шума, животинскиот свет, беа само дел од иницијатива за прогласување на овој дел од Македонија во национален парк.
Токму таа убавина години наназад, па и денес, е примамливо место за поголем број планинари, спелеолози, извидници од нашата земја и од поголем број европски држави. Полски, чешки и руски спелеолози спуштајќи се стотина метри во една од пештерите под самиот врв на Солунска Глава открија дека таму се наоѓа огромен басен со вода од која може половина Македонија да ги задоволува потребите со здрава питка вода.
- Повеќе од една година вработените во Министерството подготвуваат стратегија за предлогот. Не знам зошто толку долго тактизираат околу поднесената идеја за прогласување на националниот парк Јакупица". Одамна требаше да се изјаснат дали нашиот предлог е оправдан или не - вели Стевче Дечев, претседател на велешкиот огранок на ДОМ.
Од ДОМ велат дека доколку Министерството за животна средина и просторно планирање ја донесе стратегијата за национален парк Јакупица", следни на потег ќе бидат пратениците во македонскиот Парламент. Тие треба да го кажат последниот збор дали масивот Јакупица ќе биде заштитен или пак, како и досега ќе биде оставен и понатаму на дивите сечачи на вековните дрва, на уништувачите на флората и фауната и ловокрадците кои ги уништуваат ретките примероци на диви животни кои опстојуваат на овој простор.
Инаку, уште во далечните осумдесетти години на минатиот век, делегатите на тогашното Собрание на Општина Велес, до највисоките органи на СФРЈ, поднесоа барање за прогласување на масивот Јакупица за национален парк. Барањето беше разгледано, но одлука не беше донесена.